По повод 70 годишниот јубилеј на македонскиот тенис, Тениската федерација во периодот мај – септември 2023 ќе организира пет силни турнири.
Со најголем награден фонд – 80.000 долари ќе биде „ATP Challenger 75“ (20 – 27 мај).
„ITF World Tennis Tour M25“ (4 -11 јуни) и „ITF World Tennis Tour W25“ (септември) ќе се играат за награден фонд од 25.000 долари.
„Billie Jean King Cup furope“ ќе се игра од 19 – 25 јуни).
За 7 мај е предвиден дипломатски турнир.
Турнирите се со цел популаризација на тенисот во Македонија и одбележувањето на јубилејната година и сите ќе се играат на терените на ТК Југ во Градски парк, соопшти Федерацијата.