Кејти Прајс (44) го сподели со своите следбеници на Инстаграм процесот на уредување на „3Д усни“ во естетски салон.
Таа покажа како изгледаат нејзините усни пред процедурата, а потоа го сними моментот на инјектирањето, пред да го открие резултатот, пренесува јутарњи.хр.
-Погодете што ќе правам на моето лице денес? 3Д усни!, се „пофали“ Кејти.
Медицинската сестра Александра Хек го даде своето стручно мислење за Дејли Мејл за трендот наречен „усните на пеперутката“.
-Техниката вклучува вертикални инјекции на филери за усни за да се додаде висина и да се дефинира лак на Купидон на ист начин како и руските усни. Откако ќе се вбризга филерот, усните се врзуваат за да се спречи миграцијата на филерот и да се дозволи филерот да се смести на своето место, рече таа.
Говорејќи за усните на британската старлета, медицинската сестра заклучила дека Кејти претерала.
-Гледајќи ја фотографијата од усните на Кејт, врз основа на моето клиничко искуство можам да кажам дека усните се преполнети, што доведе до губење на природната големина на горните и долните усни, нивната форма и боја, заклучи таа.
На старлетата не и се непознати естетските зафати. Во февруари, мајката на пет деца го направи своето 16-то зголемување на градите во обид да ги има „најголемите во Британија“. Гласините велат дека по нејзиното зголемување минатата година, таа сакала уште поголеми гради, се одлучила за импланти во обид да ја зголеми својата и онака голема биста.