Северина (51) го прослави својот роденден и на Инстаграм објави видео во кое Шерон Стоун (65) ја фали, односно и вели дека е воодушевена од нејзината работа.
Во видеото холивудската ѕвезда не само што и го честита роденденот, туку и вели дека е убава и прави неверојатни работи за светот.
-Ти посакувам магичен роденден, а се надевам дека ќе се сретнеме оваа година, вели актерката во видеото.
Повозбудена од Шерон е Северина, која го објави видеото и напиша:
-О, Богородице блажена, не знам како да кажам нешто за Шерон Стоун,која ми честита роденден. Да ми се појави Богородица… Што да кажам освен да и благодарам на прекрасната, многу паметна (IQ 154) и силна жена, мајка, актерка, икона и идол на генерацијата, која направи толку многу добро за жените . Која е и сликарка, а објавила книга во која меѓу другото зборува и за борбата за своето дете кое можела да го гледа само еднаш месечно. Можете само, и очигледно, да се обидете да уништите жена која е премногу силна таму каде што е најранлива. Нема друг начин каде можеш да ја скршиш – напиша Северина.