Нов случај на семејно насилство регистрираше полицијата во денешниот билтен. МВР соопшти дека 26-годишна жена од кумановско село, била физички нападната од нејзиниот сопруг Н.Ј.
Жената го пријавила случајот во полиција вчера попладне.
Од МВР информираат дека веќе се преземаат мерки за расчистување на случајот.