Алиса Хоџис од Австралија има само 20 години, а веќе преживеала вистинска животна бура. Оваа девојка останала бремена на 19-годишна возраст и нејзиниот тогаш партнер, таткото на детето, во седумнаесеттата недела од бременоста се изјаснил дека не сака да има ништо ни со неа ни со бебето.
Да биде работата уште полоша, и неговото и нејзиното семејство се обидувале да ја убедат да не го роди бебето бидејќи е премлада, ја притискале да оди на абортус. Таа тогаш веќе го имала слушнато отчукувањето на срцето на бебето и сакала да го донесе на свет своето дете.
Останала целосно сама, под притисокот на семејството да не стане мајка. Таа го сакала бебето, а поддршка во тоа единствено и биле сестра ѝ и најдобрата другарка.
Оваа млада идна мајка се наоѓала во вртлогот на стравот и притисокот. Но таа знаела дека сака да го задржи бебето, дури и ако нејзините родители да се откажат од неа.
Потоа таа направила профил на една апликација за запознавање и таму го сретнала Макс Силвио (25). Таа била отворена кон него уште на почетокот и му кажала дека е речиси во седмиот месец од бременоста, но тоа не му пречело.
@alyssa_jane01 Reply to @ridi714 #motherhood #parents #mothersoftiktok #babiesoftiktok #babies #mothers #pregnancy #storytime #postpartum #mummasboy #mumlife
♬ original sound – Alyssa
Како што вели, на почетокот бил „плашлив“, но во Алиса видел нешто што во другите девојки претходно го немал видено. Почнале да се гледаат, но како што вели Алиса, нивниот четврти состанок бил легендарен затоа што завршил со породување.
Имено, таа вечер, додека Алиса веќе била во осмиот месец од бременоста, требало да го пречека Макс на аеродром бидејќи тој се враќал од службено патување. Меѓутоа, пред да тргне, ѝ пукнал водењакот па морала да му јави дека сепак нема да дојде.
Макс дошол дома, ги оставил работите и побрзал да оди во во болницата каде што таа требало да се породи. Бил покрај неа додека се пораѓала и веднаш го видел бебето. Ѝ бил поддршка додека синот на Алиса, Оли бил на одделението за неонатална интензивна нега. Лекарите и сестрите мислеле дека тој е таткото, па го пуштале внатре заедно со мајката. Макс во нити еден момент не кажал дека тој не е таткото на бебето, туку напротив, бил таму се Алисија и Оли.
Кога излегле од болница, тој зел слободни денови од работа за да ѝ биде поддршка на Алиса која допрва требала да се навикне на новиот живот. Иако Алиса го навела името на биолошкиот татко во документите за бебето, таа вели тој освен што плаќа минимална алиментација, никогаш не покажал интерес за бебето додека Макс ѝ давал бескрајна помош и поддршка.
Алиса и Макс дури планираат да почнат заеднички живот за неколку месеци. Тие се договориле да го научат Оли да го нарекува Макс „тато“ бидејќи тој е значајна фигура во неговиот живот.