Пејачот Арон Картер беше пронајден мртов на крајот на ноември минатата година во својот дом во Лос Анџелес. Безживотното тело на пејачот во када го пронашла чистачката, која веднаш повикала брза помош и полиција.
Истрагата за смртта на пејачот сè уште беше во тек кога американските медиуми се потсетија на кариерата исполнета со скандали, проблеми со дрога и алкохол. Напишале дека му била дијагностицирана шизофренија, акутна анксиозност и растројство на личноста и дека во полицискиот извештај по смртта и претресот на бањата било откриено дека пејачот вдишувал компримиран кислород од лименка.
По пет месеци, пристигна токсиколошкиот извештај, откривајќи дека Картер земал алпразолам, често продаван под името „Џанаџ“, и го вдишал гасот дифлуороетан, за кој во извештајот се вели дека „може да предизвика чувство на еуфорија“.
Смртта на Арон Картер е прогласена за несреќен случај, пренесува мондо.рс.