Американската Национална аеронаутичка и вселенска администрација (НАСА) ги негираше тврдењата дека силната светлечка топка и експлозијата над Киев би можеле да бидат предизвикани од падот од орбитата на сателитот RHESSI. Претставник на канцеларијата за комуникации на американската агенција НАСА за Би-Би-Си изјави дека сателитот RHESSI во тоа време бил во орбитата.
Жителите на главниот град на Украина беа затечени со блескавата голема топка светлина која падна врз фреквентен дел од градот придружена со експлозија. Украинските сили за воздушна одбрана веднаш објавија дека се во состојба на готовност. Киевската регионална воена управа упати порака до граѓаните:
„Останете во засолништа и почитувајте информативна тишина – не снимајте и не објавувајте ништо на мрежата“, пишуваше во пораката.
Подоцна, воздухопловните сили објавија дека блесокот на небото може да биде поврзан со падот на сателит или метеорит.
Како што е соопштено од 5.UA, околу 22:00 часот на 19 април, на небото над Киев е забележан силен блесок на воздушен објект . Овој настан предизвика активна дискусија на социјалните мрежи и веќе предизвика голем број мемиња .
извор: Канал 5 – Киев