Дефанзивецот на ПСЖ Ашраф Хакими сиот имот го префрлил на име на мајка си, па неговата се уште официјална сопруга по разводот ќе остане без пари, објавија светските медиуми, меѓу кои и шпанска „Марка“.
Минатиот месец фудбалерот беше обвинет дека силувал 24-годишна девојка во неговиот дом во Париз, кога неговата сопруга и децата биле на патување во Дубаи, што било првична причина за разводот, пренесува српски Курир.
Францускиот магазин “First Mag” објави дека актерката побарала половина од неговиот имот, не сфаќајќи дека нејзиниот сопруг, правно гледано, не поседува ништо.
Во оваа прилика се огласи и српската пејачка Јелена Карлеуша, која преку социјалните мрежи се обиде да му објасни на светот дека убавата шпанска актерка нема да остане со празни раце по разделбата со фудбалерот.
Популарната ЈК чекор по чекор објаснува како законот е на страната на Хиба Абук, но им дава совети и на сите дами кои се во дилема како треба да се однесува вистинскиот маж.
Фудбалерот и актерката се запознале во 2018 година додека Хакими бил во Борусија Дортмунд. Абук (36) е актерка со туниско и либиско потекло, која исто како и Хакими е родена во Мадрид.
Уште пред да го запознае Хакими, оваа убавица изгради успешна филмска кариера, глумеше во разни ТВ серии во Шпанија.
Тие се венчаа во 2020 година и имаат две деца.