На сцена се враќа една од најдобрите манифестации кај на „Глумците пеат“. Уживањето во музика и хумор ќе се случи на 20 април во НОБ.
Ова го доопшти Маја Бабиќ, ќерка на неодамна починатиот актер, Марин бабиќ, кој е основоположник на оваа култна манифестација. Таа на својот Фејсбук профил напиша:
-Драги пријатели, со огромна доза на емоции и со уште поголема одговорност, ви најавувам дека шоуто Глумците пеат се враќа на сцена. Никогаш не ми било потешко да напишам статус и да ги одделам емоциите од работата. Ни остави аманет и знаевме дека мора да го исполниме.
затоа што тој толку многу ги сакаше и копнееше да ги врати.
И затоа, во чест на Марин ја враќаме на глумците, на театарот, на публиката. Оваа година ќе биде на 20 април, во Национална опера и балет, но од догодина ќе ги вратиме на денот на кој припаѓа – 26 март, во чест на 27 март, светскиот ден на театарот. Деновиве со Ира, пребарувајќи по старите архиви, сфативме дека за жал нема многу останато од претходните изданија. Неколку снимки, неколку фотографии и многу убави сеќавања. Време за нови спомени, за нови убави моменти. Со Дејан Пројковски вредно работиме и полека приказната добива лик. И да, влезниците се пуштени во продажба, напиша Маја.