Младите од фракцијата на ДУИ денеска прашува зошто Владата формира втора државна видео лотарија, при што апаратите ќе ги имаме насекаде, наместо да имаме младински центри или центри за иновации. При тоа потсетуваат дека според анкетата на Движењето за антикоцкање, 58 отсто од младите изјавиле дека барем еднаш во животот се обиделе да се коцкаат во казино, обложувалница или онлајн казино. Додека уште поалармантно е што во оваа анкета се вели дека 67 од испитаниците изјавиле дека за прв пат играле на возраст од 8 до 18 години.
“Во Северна Македонија имаме повеќе од 1200 казина, обложувалници и онлајн казина, додека имаме 109 средни училишта, 227 библиотеки и 20 младински центри, што значи 3 пати повеќе. Затоа решивме да реагираме на оваа одлука на извршната власт и ги поттикнуваме нашите министри и нашата влада да размислат повеќе за изградба на можности за младите да се развиваат во својот академски и социјален живот, рече Јетмир Асани од Форумот на младите на Фракцијата на ДУИ.
Младите ја повикаа Владата добро да размисли, освен ако целта е, како што рекоа, да основа што повеќе компании за игри на среќа и тие да се менаџираат од луѓе блиски до власта, „од кои три члена на новата Видео лотарија се токму блиски на министрите од ДУИ“.