Грозоморниот чин 19-годишниот тетовец не го извршил сам и според обвиниението, имал помош од непознато лице, кое му помогнало да го одвезат 14-годишното девојче во близина на маркет кај старите згради на Државниот универзитет во Тетово. Обвинетиот 19-годишниот тетовец потоа со употреба на сила и закана, извршил полов напад врз девојчето. Заедно двајца со возилото потоа го вратиле девојчето од каде го зеле.
Како што соопшти Основното јавно обвинителство Тетово донесена е Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Силување на дете кое не наполнило 15 години, согласно член 188 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
-Осомничениот 19-годишник, на 12 април, во близина на маркет кај старите згради на Државниот универзитет во Тетово, со употреба на сила и закана, извршил полов напад врз 14-годишно девојче. Тој, заедно со уште едно непознато лице, ја пречекале жртвата во една уличка додека одела кон маркетот. Осомничениот, инаку нејзин сосед, ја повлекол за раката кон паркирано возило во близина. Другото лице го отклучило автомобилот, по што осомничениот ја удрил оштетената по лицето и ја натерал да влезе внатре на задното седиште. Со возилото управувало непознатото лице, кое ги заклучило вратите и ги одвело 200 метри подалеку, по што го паркирало возилото и излегло. На задното седиште останале осомничениот и оштетената, а тој со употреба на сила го принудил девојчето на полови дејствија. Потоа му се јавил на непознатото лице и заедно со автомобилот ја вратиле жртвата од местото каде што ја зеле. Осомничениот и се заканил дека ќе ја убие доколку каже некому за настанот, стои во соопштението од Обвинителството.
Надлежниот јавен обвинител побара, а судијата на претходна постапка во Основниот суд во Тетово на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.