Пилотот на Ер Франс кој го урна Ербасот 330 во океанот, убивајќи ги сите во него, изговорил три застрашувачки последни зборови пред ударот.
Авионот се урна во 2009 година, при што загинаа 228 патници додека патуваше од Рио де Жанеиро до Париз. Ер Франс беше вмешан во правен спор, обвинет дека е кривично одговорен за убиство од небрежност за смртта на 228 луѓе.
Вчера Ер Франс и Ербас беа ослободени од обвинението за убиство од небрежност. Однесувањето на пилотите – Марк Дубоа (58), Дејвид Роберт (37) и Пјер-Седрик Бонин (32) и културата на летовите беа она што беше спорно. За време на понатамошната истрага, се покажа дека двајцата пилоти заспале, еден по друг, кога требало да управуваат со авионот.
Снимените разговори во пилотската кабина го открија и застрашувачкиот завршен разговор на „тројката“. Помалку од две минути откако откажа критичната опрема за летање, започна паника. Роберт можеше да се слушне како вели:
“Ќе паднеме! Не е вистина! Но што се случува?” Или Роберт или Бонин потоа додаваат: „Мртви сме“. Потоа, четири часа и 15 минути по трансконтиненталниот лет, авионот се урна во Атлантикот.
Бонин, кој поради положбата и возраста го нарекувале „бебе на друштвото“, бил принуден да се справи со тешкиот лет додека неговите претпоставени спиеле.
Летот АФ447 се урна и потона во Атлантскиот Океан на 1 јуни, при што загинаа 216 патници и 12 членови на екипажот. Во авионот имало државјани на 33 земји, меѓу кои 72 Французи и 58 Бразилци.
Тоа е најтешката несреќа во историјата на француската компанија, пренесува радио Сараево..