Анестезиологот од тетовската болница, кој во живо на Тик Ток снимал и покажувал пациентки е приведен, потврди МВР.
-На 14.04.2023 во 23.40 часот во тетовско Одри полициски службеници го привеле В.Д. (43),постапувајќи по пријава од страна на П.В. , директор на Клиничка болница Тетово дека В.Д.,вработен како анестезиолог во болницата, снимал и објавувал преку мрежата “тик ток” лекарски персонал и пациенти на кои им се пружала лекарска помош.Известен е јавен обвинител и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.
Скандалозното видео се појави на социјалните мрежи, а анестезиологот во полиција го пријавил директорот.
Погледнете го скандалозното видео: