Во 77-та година од животот по кратко боледување почина д-р Иван Рамбабов, ортопед и поранешен пратеник во Собранието во периодот од 2012 до 2014 година од редовите на СДСМ. Д-р Рамбабов е основоположник на одделението за Ортопедија, негов началник, доктор кој прв вгради вештачки колк на пациент во штипската болница.
Неколку години беше на чело на Медицински центар од Штип, во чии рамки работеше Општата болница и Здравствениот дом.
Погребот на доктор Рамбабов ќе се одржи утре, петок, во 13 часот на Градските гробишта во Штип.