Полициски службеници од Полициската станица Штип и Отсекот за општ криминал при СВР Штип привеле двајца 17-годишници и еден 15-годишник од Скопје и од Штип осомничени за четири кривични дела „кражба“.
Како што соопшти Министерство за внатрешни работи, три од кражбите биле извршени на 8, 9 и 10 април 2023 од продажни објекти во трговски центар во Штип, од каде биле одземени пари, облека и спортска опрема, додека четвртата кражба осомничените ја извршиле на 29 декември 2022 од угостителски објект во Штип од каде што одзеле пари.
-Расчистени се и едно кривично дело „тешка кражба“, извршена на 10/11 март 2023 во продажен објект во Штип, за која осомничен и приведен во Полициска станица бил Т.З.(45) од Штип и едно кривично дело „кражба“, извршена на 6 април 2023 од двор на правно лице од општина Карбинци, од каде биле одземени метални предмети, за која осомничен и приведен бил Р.Г.(43) од Штип, соопшти МВР.
Во службен разговор во полициска станица тие ги признале делата, а украдените предмети биле одземени и вратени на оштетените граѓани. По целосно документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.