Телата на Андреј Китановски, Златко Стоиловски и Влатко Илиев, кои во неделата загинаа во сообраќајна несреќа во Италија, доцна синојка со комбе се тргнати кон Македонија и денес попладне се очекува да притигнат во Македонска Каменица, односно во селото виничкото село Пекљани.
Нивни блиски за ММС рекоа дека погребот на Андреј и Златко ќе биде во сабота, додека на Влатко утре.
-Траорна беше сликата вчера вечерта, кога се подготвуваа телата за пат кон Македонија. Никој не можеше да остане рамнодупен на таа глетка, на прерано завршените три млади животи. Нивните тела се во фрижидери, а за тоа постои специјална Агенција. Денес попладне се очекува комбето да пристигне во нивните родни места, каде ќе бидат погребани, ни рекоа наши иселеници.
По веста за смртта на Андреј, Златко и Влатко во Италија се организираа и нивни блиски роднини, кои живеат и работат таму, но и дел од останатите иселеници и црквата. Во црквата „Св. Архангел Михаил“ во Ниеве вчера вечерта се направи молитва за сите тројца и како што рекол отецот од црквата, тие ќе ги покријат трошоците за да телата на загинатите бидат пренесени во Македонија.
-Но, не само од црквата, туку на молитвата се собираа и донации од нашинците. Нема кој не сочуствува со оваа болка. Многу луѓе дојдоа на нивното последно испраќање од Италија. За еден час се собраа 13.000 евра, а потребни беа 9.000 евра, рече за ММС Стоичко Стоиловски, кој е братучед на Андреј.
Стоиловски за ММС рече дека веднаш по несреќата им се јавиле од полиција и биле на местото, каде се случила страшната сообраќајка.
-Овде секогаш на празници се случува трагедија, тоа е страшно нешто. Златко што го возел автомобилот воопшто не пие алкохол и алкохолот не е причина за сообраќајката. Само има лоша кривина. Немало никакво кочење ниту од колата кај што биле нашите, ниту, пак, од комбето што го возело другото момче, кое е по потекло од Мароко. После долг прав пат доаѓа кривина од 90 степени. Кај што беше сообраќајката јас работев на таа кривина, тука многу сообраќајки се случуваат. Андреј, Златко и Влатко тргнале да излегуваат, и воопшто не биле под дејство алкохол, како што некаде прочитав, рече тој.
Со оглед на тоа што на ова место се случувале многу сообраќајни незгоди, италијанските власти решиле да превземат соодветни безбедносни мерки.
-На овој пат асфалтот бил нов, скоро асвалтирале. Рекоа дека ќе биде ставен кружен тек на местото, заради поголема безбедност, често се случувало на истото место да има многу сообракајки, со катастрофлни последици, односно со многу загинат, рече за ММС Стоиловски.
(В.М.)