Тејлор Гивенс и Колин Кобеља од САД се запознале во тешки околности.
Тие денес си се најголема поддршка еден на друг и заедно поминуваат низ секој предизвик пред кој се исправени. Тејлор и Колин се запознале во болницата во која и на двајцата им било трнсплантирано срце.
Нивното запознавање се случило во периодот на закрепнување по операцијата, а врската која почнала како пријателство потоа завршила и со брак.
Имено, Колин е роден со срцева маана, а на Тејлор ѝ биле дијагностицирани проблеми со срцето во текот на студирањето.
Поради тоа, и на двајцата им била потребна трнсплантација. Истиот ден во истата болница им било пресадено срце, а потоа биле сместени и во иста соба. Од ден на ден, Тејлор и Колин се запознавале сè повеќе и повеќе, а пет години по операцијата се вљубиле.
Тогаш сосема неочекувано се сретнале на преглед во болницата, по што останале во контакт. Колин ја побарал Тејлор и ја поканил на вечера, па тогаш првпат се дружеле надвор од болницата.
„Беше прекрасно да почнеш да излегуваш со личност на која ништо не мораш да ѝ објаснуваш. Едноставно, можеш да си го живееш својот живот на нормален начин“, раскажала Тејлор за медиумите.
Во 2019-та година, Тејлор и Колин одлучиле да се венчаат.
„И двајцата поминавме низ едно од најтешките искуства кои може да ги доживеете во животот. Дефинитивно може да поднесеме се што ќе ни донесе животот“, истакнал Колин кому ланската година по четврти пат му е пресадено срце.
„Гледам како поминува низ оваа трансплантација и напредува, давајќи ми ново чувство на надеж“, изјавила Тејлор која му е најголема поддршка на својот сопруг.