Џени Нгуен-Дон од Лондон неодамна на ТикТок сподели видео во кое го раскажа своето искуство со допишување со едно момче со кое требало да одат на состанок. Сепак, момчето одлучило да го блокира нејзиниот број затоа што таа не му одговарала на пораките доволно брзо.
-Требаше да имаме состанок вечерва. Планот беше да се најдеме на Градскиот плоштад во 18:15, па во 17:30 му пратив порака: „Доаѓам, би требало да стигнам на време“ – раскажува 29-годишната девојка. Таа во видеото објаснува дека откако ја испратила пораката, решила да се упати кон плоштадот со подземно метро, поради што немала сигнал на телефонот.
-Пристигнав на местото на состанокот во 18:17. Задоцнив две минути. Го зедов мобилниот телефон за да му испратам порака и ми стигнаа известувања. Типот ми пратил две пораки додека сум се возела, но не ми стигнале – додава таа.
Првата порака ѝ ја пратил во 17:47 и звучел опуштено и позитивно. Втората порака ја пратил во 18:09, по што таа повторно не одговорила.
Потоа момчето пратило уште една порака, во која напишало: „Дали се шегуваш со мене?“.
Девојката сакала да одговори веднаш откако ги видела пораките, но неговата фотографија на WhatsApp изчезнала. Поточно, таа била блокирана.
Со оглед на тоа дека веќе не можела да му праќа пораки преку оваа апликација, таа го побарала на апликацијата за запознавање каде што првично стапиле во контакт и се обидела да му ја објасни ситуацијата. Одеднаш, неговата фотографија се појавила на WhatsApp и тој ѝ се јавил.
На крај, сепак се запознале во живо, но таа го „нападнала“ поради блокирањето.
Тој тврдел дека имал проблем со апликацијата и дека често се случувало и неговите пријатели да не можат да ја видат неговата профилна фотографија.
„Потоа само помислив – каков губитник. Па и уште има 36 години“, раскажува девојката.
Видеото во кое таа го опишува ова свое искуство, има речиси пет милиони прегледи.
„Ова е супер. Си потрошила 45 минути од животот, а си можела 45“, „Се надевам дека веќе не планираш ништо со него“, се само дел од мноштвото коментари под нејзината објава.