Двојство па и тројство на функции е утврдено од страна на Државната комисијата за спречување на корупцијата (ДКСК) кај 11 лица, чии имиња не беа соопштени, но само функциите кои ги вршат. Во случајот од Виница, в.д. директорот на ЈЗУ „Здравствен дом“ – Виница, е член на Советот на општината, а во исто време е сопственик и управува со приватна фирма. Ова е еден од 11 случаи, кои на денешната седница на ДКСК ги обелодени претседателката Билјана Ивановска. Од нив ќе се бара да се определат за една функција.
Ивановска ги наброја и останатите десет случаи на концентрација на функции, со што се крши законот.
1.Член на Надзорен одбор на ЈП и член на УО на Прилепска пивара;
2. Член на УО на ЈП „Улици и патишта“ – Скопје и е адвокат иако адвокатската дејност му е во мирување поради активен прекршок, сепак се коси со законот;
3. Член на Комисија за жалби и адвокат;
4. Член на Надзорен одбор на ЈП „Комуналец“ – Прилеп и адвокат;
5. Член на УО на Водостопанско претпријатие „Лисиче“ – Велес и член на УО на Јавна установа „Искра“ од Кочани;
6. Член на Комисија и адвокат;
7. Член на УО на ЈП „Паркови и зеленило“ – Скопје и адвокат;
8. Член на УО на ЈП „Стипион 2011“ – Штип и директор на СОУ „Славчо Стојменски“ – Штип. Нема поднесено образец – изјава за интерес за втората функција.
9. Генерале секретар на агенција и член на Комисија за АЕК;
10. Генерален секретар на Совет и член на УО на ЈП за стопанисување со спортски сали и спортски објекти. Претходно вршел три функции – член на НО на МКЦ – Скопје, член на УО на ЈП за стопанисување со спортски сали и спортски објекти и член на УО на училиштето „Димитар Влахов“ од Скопје.
Од сите нив, како што рече Ивановска, ќе се бара да се откажат од една од функциите, почнува постапка за порамнување и ќе добијат прекршочен налог.