Во телевизиско гостување генералниот секретар на ДУИ, Фатон Ахмети му одговори на претседателот на Беса, Билал Касами, кој рече дека Али Ахмет е во заложништво на Артан Груби и затоа не може да го разреши.
„Али Ахмети не е заробен од никого. Али Ахмети е клучната, централна фигура на Демократската Унија за Интеграција. ДУИ е самиот Али Ахмети. Во тој контекст, што се однесува до заштитата на вицепремиерите, тој секогаш имал ист пристап кон извршната власт, имајќи предвид дека извршната власт секогаш е соочена со работа што треба да се заврши во владата со барања што доаѓаат од базата и со самиот факт што тој извршува задача во извршната власт, на некој не му се прави ќеифот а на некој да“, изјави Фатон Ахмети, во емисијата „200“ на Алсат.
Според зборовите на Ахмети, јасно е дека се одбројани деновите на „Огнените“ во ДУИ. На прашањето дали ќе се премине кон исклучување на „огнените“ од ДУИ бидејќи формираа фракција, рече дека ќе постапат според статутот. Според статутот пак, фракции не се дозволени.
-Врз основа на статутот кој е во сила, ние не го признаваме начинот на фракционерство во ДУИ, тоа е спротивно на статутот, додека статутот е главниот елемент што дефинира како треба да се однесуваме во партијата, рече Фатон Ахмети.