Токму проблемите со срцето се причина за трагедијата во нивното семејство. Марко починал од миокардитис, што за спортист, кој постојано оди на систематски е многу чудно. Миокардитис му се случи и на Ериксон, истата година кога се случило и со Марко. Докторката, вели таа, која ја правела обдукцијата кажала дека миокардитис, особено кај спортистите не може да се забележи. Ериксон имал среќа што му се случило на терен, па брзо се реагирало, а на Марко му се случило во сон.
-Нема правда, нема ред, нема ништо. Не се пожали иако малку нешто да го заболеше тој веднаш кажуваше. Таа година истото се случи на неколку други спортисти. Не е до недоволни добро систематски, миокардитот не покажува симптоми. Јас кога отидов на лекар ми рекоа дека имам прележано перикардит, а јас не сум ни знаела, нема симптоми. Некогаш ќе те забоцка нешто ама не обрнуваш внимание. Па мене на оваа болка, од оваа мака ми е чудно да не ме боцка нешто. И ден денес не можам да сфатам што се случи и како поминува времето се помируваме со фактот дека нема никогаш да добиеме одговор зошто се случи сè, дали нешто не забележавме, дали навистина Марко немаше никакви симтоми, дали тој некои симптоми ги игнорирал.. Ниту со еден гест не покажа дека било што го мачи, а не се ни пожали на ништо.. Загубата е огромна, нас ни останува само да се сеќаваме на убавите 21 година, на нашето прекрасно и весело дете.. Не бевме подготвени на ова, релативно бевме среќно семејство, но животот е непредвидлив.. Секогаш мислиме дека трагедиите им се случуваат само на други луѓе, за потоа да разбереш дека никој не е недопирлив и дека нема доживотна гаранција за среќа.. Некои работи се случуваат, без ред, без правила, не ви се дава прилика да се борите, едноставно ви се случува, а вие сте немоќни да направите било што, вели таа и продолжи:
-Тој ден кога отишол кај мајка ми рекол – ќе легам и сабајле во 11 ќе станам. Ставил слушалки и заспал. Мајка ми околу 8 дошла му ги тргнала слушалките, тој се свртел на другата страна и продолжил да спие. Во 11 влегла во соба да го праша што ќе јаде и му ја видела рака опуштена и не реагирал. Јас бев на работа и во тој момент чувствував огромна тежина во гради. Се јави мајка ми во паника за да каже дека Марко не е добар, но, заборави да го исклучи телефонот и ја слушам како плаче и го довикува. Трчавме накај дома, маж ми влезе во соба, а јас останав во ходникот, не сакав да се соочам со вистината. Тогаш сфатив колку ние луѓето сме мали, помали од прашинка и немоќни. Не знаев кај сум, ни рече таа и додаде:
-Тој претходната вечер играше натпревар, како ќе трчал ако му било лошо? Пред да се случи сето ова тој чудно реагираше. Ги стега рамениците и вели- ми иде од кожа да си излезам. А беше среќен, весел, полн со воља за живот, позитивен, насеман. Како да му беше мал овој свет. Чудно нешто. Една вечер дојде исплашен и вели нешто ме осветли додека одев по улица. Навистина беше исплашен. Рече на улица како да го осветлила некоја светлина и неколку месеци потоа сè беше чудно. Како да имаше некое пречуство, како да му се излегува од кожа. Не ми е јасно што се случи, зошто се случи, како дојде до тоа. Едноставно само го снема, избега, си отиде. И сега? Само собирај се. Ќе се собереш делче по делче, па ќе се распаднеш. Па утре дента пак од почеток. Па ќе најдеш причина па мораш да станеш. Сè така до вечерта кога ќе се вратиш дома. Нема живот, а мораш да живееш, вели Сашка.
Откако ќе се случи трагедијата почнува најтешкото – како да се продолжи да се живее.
„Сè потешко е и потешко е“, вели Александра.
-Чекор по чекор, ден по ден, но не поминува. Постојано чекам да влезе, а знам дека нема да се случи тоа. Јасно ми е. Се се надевам дека ќе се сретнеме. Но, од затворање дома нема ништо, сакал не сакал денот мораш да го направиш. Што да правиш? Со сила не се умира. Иако ќерка ни е тука, Марко ми остави големо наследство со децата, неговите другарчиња се тука, многу се прекрасни. Внуците се тука, се дружиме со нив.
Можеш некаков смисол да најдеш, но тоа што го нема него е неутешно. Веќе две години ќе поминат а јас легнувам и станувам со него во мислите. Одам цел ден работам и вреќа цемент да ми стават ќе ја износам. Луѓето околу мене се тука, пополнуваат дел за да се почуваствуваш дека си човек, дека си мајка. Марко ми беше најслабата точка и тоа никој не може да ми го смени. Марко беше дефиниција за љубов. Но, мора да се живее. Има нешто за што не оставил Господ да живееш. Благословени сме што имаме многу луѓе околу нас. Мислев дека ќе пројде време ќе ги снема и другарчињата, секако, секој по својот пат, но тука се и убаво е со нив. Порано одев на натпревар, замислував дека е на терен, сакав да го слушам тоа чкрипење на патиките. Сега не можам. Тоа е, си останал да живееш и ќе живееш нема друго, вели таа.
Помош побарале и од психолог, но, како што вели, не помага ни психолог, туку само некој кој поминал низ тоа. „Полека, падни, стани, па пак падни па стани“ тажно објаснува таа.
-Со сопругот можеме со саати да седиме да гледаме во цвеќе и да не правиме муабет. Не знам дали е тоа депресија или очај, ама милам дека е очај. Ништо не можеш да направиш, а душата би ја дала. Немавме шанса да се свестиме, барем да беше болен, вака ни се сокри. Знам дека има многу родители кои поминуваат низ ова. Ми пиша една жена од Прилеп, многу трауматнично. Знам дека луѓето не се снаоѓаат ама што да прават. Што да прави другото дете што останало, кај изгубило братче или сестриче и родителите ли да ги изгуби. Мораш да продолжиш, знаеш дека нема назад. Се трудиш да бидеш нормален. Сè е пепел ама мораш да продолжиш и нема поинаку, вели низ солзи Александра и советува:
– Ние и до ден денес не знаеме што се случи и како поминува времето се помируваме со фактот дека нема никогаш да добиеме одговор зошто се случи сè, дали нешто не забележавме, дали навистина Марко немаше никакви симтоми, дали тој некои симптоми ги игнорирал.. Ниту со еден гест не покажа дека било што го мачи, а не се ни пожали на ништо.. Загубата е огромна, нам ни останува само да се сеќаваме на убавите 21 година, на нашето прекрасно и весело дете.. Не бевме подготвени на ова, релативно бевме среќно семејство, но животот е непредвидлив. Секогаш мислиме дека трагедиите им се случуваат само на други луѓе, за потоа да разбереш дека никој не е недопирлив и дека нема доживотна гаранција за среќа..
Некои работи се случуваат, без ред, без правила, не ви се дава прилика да се борите, едноставно ви се случува, а вие сте немоќни да направите било што. Не е веќе ништо исто, ова е сосема некој друг нов живот. Ама сега да го направиш колку може поподнослив. Нема исклучување на луѓето околу тебе. Тоа никако. Ете ќе ги исклучиш, ќе седиш сам во четири ѕида. И што? Да знам дека таа жртва ќе ми го врати детето ќе го направам тоа. Но, како знаеш и умееш мора да тераш понатака. Тоа важи за сите родители кои се нашле во ваква ситуација. Само сила за сите. Мене единствена утеха ми беше тетка Благица, таа поминала низ мојата судбина и многу ми помогна. Јас се правам дека сум силна, таков впечаток имаат луѓето. Но, ете се живее, морално е да се живее, бидејќи немаш друг избор. Ме носеле и да се прошетам, а јас сум се чувствувала виновна. А и кога ќе излезеш од дома, па кога ќе се вратиш е уште потешко, вели Александра.
Единствено нешто што останува од сите откако ќе заминеме во вечноста се спомените. Токму со тоа Александра живее.
-Сè ме потсетува на Марко, песни, бројот од дресот, буквално сè. Такво дете беше, единствено. Еднаш побара 300 денари, а очињата му беа полни со солзи. Сакал да ги даде на другарче кое немало за на екскурзија. Такво дете беше, полно емпатија. Една епизода заврши, еден дел од животот. Јас дента после погребот мислев толку е, готово е. Многу боли ама си верувам дека еден ден ќе се видиме и полесно ми е така. Но, сите треба да знаат дека болката си е твоја и само твоја. Како така мора да се живее. А мислите се твои… Толку е… Многу е тешко, болно и трауматично. Дали може да се живее? Па може, еве живи сме.. Е сега како, тоа е добро прашање. После оваква трагедија, ништо веќе не е исто.., ни рече Александра.
Весна Миленовска