Јавно објавување на договорот што Владата го потпиша со компанијата Бехтел и Енка за коридорите и повлекување на осумте закони кои се во собраниска процедура, побара пратеникот на од ВМРО- Народна партија, Љупчо Балкоски.
Ова од причина, како што рече бидејќи договорот не е доставен официјално, побара Владата да го презентира на коморите, стручните здруженија и невладини организации од оваа дејност. Исто така да објасни – дали измените и дополнување на законите се содржани во договорот како обврска на Владата.
Зошто е потпишан прво договорот, па се прават измени на закони, кои на стратешкиот партнер му даваат најповластена состојба од сите досегашни инвеститори во Македонија?“, праша Балкоски и додаде „ВМРО-народна партија гласаше против предлогот за потребата од донесување на предлог закони по скратена постапка за изградбата на коридорот 8 и коридорот 10Д гласаше против тие да се разгледуваат на седница на Собранието“, рече Балкоски, кој вчера гласаше против законските решенија.
Балкоски исто така смета дека треба да ѝ се објасни на јавноста како по потпишување на договор и започнување на работите, се менуваат условите за работа.
-Поготово со менување на закони кои имаат влијание врз изградбата, финансиите и рокот за изградба. ВМРО-НП уште при донесување на основниот закон во 2021 година, реагираше на членовите од договорот со кој се исклучуваат примените на законите во целост или делумно и ги потенцираше сите проблеми кои сега се отвораат. Напоменуваме дека со донесување на овие закони, се исклучува применат ана финансискиот систем на државата и на правниот систем во делот на важноста на овие закони“, изјави пратеникот Љупчо Балкоски.
Ели Панова, заменик координатор на пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ потсети на сите наводи што беа обелоденети од нејзината партија од засега непознатиот договор за јвноста меѓу Владата и Бехтел и Енка и праша како е можно да се предлага законско решение за кое веќе еднаш одлучувал Уставниот суд.
– Ковачевски и Груби потпишале договор, кој содржи елементи за кои Уставниот суд се изјаснил дека се противуставни. Имено на седница од 13 јули 2022 година Уставниот суд донесе одлука за укинување на оспорениот член за 60 часовна работна недела кој беше дел од Законот гласан во Собранието за Бехтел и Енка бидејќи е во спротивност со темелните вредности владеење на правото предвидена во членот 8 став 1 алинеја 3 од Уставот, како спротивен на членот 9 според кој граѓаните пред Уставот и законите се еднакви. Уставниот суд оцени дека со овој член се повредува правото на дневен и неделен одмор, односно дека е во спротивност со членот 32 став 4 од Уставот, рече Панова.
Панова праша зошто Ковачевски и Груби иако знаеле за оваа пресуда на Уставен пристапиле кон потпишување на договор кој содржи неуставни обврски?