Десетти април се одбележува како Меѓународен ден на браќата и сестрите. Да имате брат или сестра е вистинско богатство. Секако, постојат моменти кога се расправате, но во повеќето случаи да имате брат или сестра е нешто прекрасно.
Доколку и вие се вбројувате меѓу оние кои имаат брат или сестра, бидете благодарни што се имате еден со друг. Во продолжение, прочитајте како браќата и сестрите нè прават посреќни, поздрави и подобри личности.
Браќата и сестрите може да нè направат порадосни подоцна во животот
Истражувањата покажуваат дека блиската врска со братот или сестрата во средно доба, е поврзана со позитивното расположение, но и со целокупното здравје. Односот кој се заснова на поддршка, ја олеснува осаменоста подоцна во животот.
Гледањето стари заеднички фотографии може да поттикне оптимизам
Студиите покажуваат дека носталгијата која се јавува за време на гледањето албуми со стари фотографии на кои сте со братот или сестрата, може позитивно да влијае на вашите емоции и да поттикне чувство на оптимизам.
Сестрата може да го подобри вашето ментално здравје
Студијата на Универзитетот Brigham Young открива дека односот полн со љубов кон сестрата независно дали таа е помала или повозрасна, ве штити од чувство на вина или страв во периодот на адолесценција.
Дружбата со сестрата или братот може да го намали стресот
Да, така е, но само ако вашиот брат односно вашата сестра ја сметате за најдобар пријател. Истражувањата покажуваат дека доколку поминувате време со саканите личности, тоа може да ви помогне во борбата против стресот. Стручњаците забележуваат дека токму братот или сестрата може да ни помогне во заштитата од негативните влијание на стресот, особено кога сме помлади.
Браќата и сестрите може да ни помогнат да живееме подолго
Силните врски како оние што ги градиме со братот или сестрата, се поврзани со долговечноста. Истражувањата покажуваат дека луѓето со лоши врски имаат поголем ризик од смрт за разлика од оние кои имаат цврсти врските со другите. Семејството и пријателите исто така, може да нè поттикнат да се грижиме за себе и ни служат како поддршка кога нашето физичко или ментално здравје е загрозено.
Извор: index.hr