Италијанските медиуми информираат дека ноќеска по 22 часот се случила тешка сообраќајна незгода во Ница Монтеферсто, во итлаијанската провинција Асти, каде во судир на две возила загинале четири момчиња.
Неофицијално, во сообраќајната несреќа загинале тројца Македонци, сите на околу 30-годишна возраст, а еден е Италијанец.
МНР се уште не ја потврдило информацијата, но според првичните неофицијални информации, се работи за наши иселеници кои потекнуваат од Пеклани, Саса и Македонска Каменица, а четвртиот загинат е 23-годишно лице од Асти, Италија.
Порталот ilmattino.it пренесува дека 23-годишник од Асти и тројца триесетгодишни Македонци кои живеат во областа Асти се четворицата жртви на верижниот судар што се случи доцна вчера на Велигден во Понте Верде во Низа Монферато (Асти). Судирот се случил меѓу два автомобили, во едниот бил сам 23-годишниот Италијанец, а во другиот автомобил тројцата Македонци. Целосно биле уништени двата автомобили, од кои едниот завршил на заштитната ограда.
Увид и истрага на местото на несреќата направила италијанската сообраќајна полиција, која потврдила дека дошло до силен директен судир, при што нема преживеани.
Се очекува МНР да даде подетални информации.