Брод со околу 400 луѓе плови без контрола меѓу Малта и Либија и во него навлегува вода, соопшти денеска службата за поддршка „Аларм телефон“.
Оваа организација на Твитер објави дека добила повик од брод кој синоќа испловил од Тобрук во Либија и дека ги известила властите, пренесува Новости.рс.
Во соопштението се нагласува дека досега не е започната спасувачка акција.
Од службата додаваат дека луѓето на бродот се во паника и дека на некои од нив им е потребна медицинска помош.
На бродот му снемаlo гориво, а долната палуба е полна со вода, а капетанот го нема и нема кој да управува со бродот.
„Аларм фон“ прецизираше дека бродот сега се наоѓа во зоната за пребарување и спасување на Малта.