Танчерот Ѓоле Ѓогани од првиот брак со Слаѓа Делибашиќ има две ќерки, додека во вториот брак, со Весна Ѓогани, има син и ќерка, кои се родени во истата година со неговата внука, која му ја подарил неговaта најстара наследничка Силвија.
Весна и Ѓоле со години живеат во вонбрачна заедница и покрај некои скандали кои ги следеа, тие важат за еден од најхармонични парови, а танчерот ја има таа привилегија да почувствува како е да се има ќерка и внука во истото време.
Во 2013 година стана и дедо и татко, па откри како тоа изгледа.
„Прво станав дедо, а потоа татко. Кај нас, Ѓогани, секогаш има забава“, се пошегувал Ѓогани и додал: „Чудно е чувството кога имаш внука и ќерка на иста возраст. Тоа е привилегија на мал број луѓе.Меѓу ќерка ми и внуците разликата е два месеци.И двете ги сакам на свој начин.Кога имаш мали деца на оваа возраст е иста љубов,нема повеќе ни помалку,но не е истото кога ќе станете родител на 24, 34, 44 или 54 години“.
Неговата и ќерката на Слаѓа, Силвија, се развела од сопругот Бранислав по една година брак и пет години врска, во 2014 година. Тој и бил сакан од средно училиште, но нивните патишта се разделиле и, како што еднаш изјавила, не се гледала себеси во иднина со него, пренесува мондо.рс.