Поранешната сопруга на Васко Ковачевски кој вчера најави дека се повлекува од директорското место во ЕСМ за да се посвети на семејството, реагираше преку Фејсбук статус на ваквата негова изјава.
Мери Ковачевска Димовска во својата објава наведува дека тие веќе се развеле минатиот месец, но и дека тој одамна го напуштил семејството.
-На кое семејство ќе му се посвети??? На децата кои се возрасни и последните 15 год ги гледаше по 2 часа во неделата…Официјално разведен на 6 март 2023год… Татко не можиш да се правиш на 27 и 21 годишна возраст,татко си цел живот… Твојте лазни филмови рекламирај ги на друго место,а не по сите портали…Ти одамна го напушти оваа семејство… – пишува Мери Ковачевска Димовска.
Директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски кој дојде на оваа функција пред четири години, веќе ја депонираше својата оставка со премиерот.
„За ваша и за информација на граѓаните, јас сум вработен во АД ЕСМ, покрај тоа што бев претседател на управниот одбор и генерален директор. Првин ќе го земам одморот од 20 дена, кој ми следува, потоа по процена на новиот менаџмент на ЕСМ, ќе видиме каде ќе биде моето место во компанијата. Јас сакам да им се посветам на семејството и моите две деца, кои имаат потреба од мене за дообразование, иден раст и развој“, рече Ковачевски на чие место доаѓа Васко Стефанов.