Возило во движење синоќа по 19:20 часот се запалило на во СВР Штип на експресниот пат Штип-Кочани, во близина на селото Крупиште. Според пријавата во СВР Штип, настанал пожар во патничко моторно возило „цитроен ц4 пикасо“ во движење, а управувано од Н.М.(42) од Штип.
-Пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица Штип, а повредени лица нема, соопшти штипската полиција, која направила увид.
Лишен е од слобода возач на патничко моторно возило „фолксваген транспортер“, кој синоќа во 21.30 часот на регионалниот пат Делчево-Виница, во близина на Пекланска крстосница, на место викано .„Трло“, превезувал патници без соодветна документација.
-По преземени мери и активности, полициски службеници од ОВР Виница го лишиле од слобода Б.Ј.(36) од с.Лаки, виничко. При контрола на патничко моторно возило „фолксваген транспортер“ со винички регистарски ознаки било констатирано дека превезувал осум лица, односно дека вршел јавен превоз без соодветна документација. За случајот бил запознаен Јавен обвинител и по комплетирање на случајот против Б.Ј. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, информираше СВР Штип.
фото: архива