Општина Битола објави повик наменет за сите креативни граѓани, здруженија на граѓани и фирми, кои можат да креираат и да понудат идејно решение за новогодишно украсување на градот за Новата 2024 година.
Според нововостановената традиција, локалната самоуправа повикот го објави осум месец порано, а се однесува за новогодишното украсување на Старата чаршија, Широк Сокак и сите кружни текови во градот.
Идејните решенија се доставува на електронска адреса на општината, најдоцна до 15 мај 2023 година, а најдобрите ќе бидат наградени парично, односно 180.000 денари за освоена прва награда, 80.000 денари за втора награда и 40.000 денари за идејното решение што ќе биде третонаградено.
Општина Битола со финансиски средства ќе ја помогне работата и проектните активности на Совет за превенција на детско престапништво, Совет за социјална заштита, Совет за превенција, Локален волонтерски совет, Совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и Совет за заштита на потрошувачи, за што исто така денес објави јавен повик.