Италијанските медиуми јавуваат дека поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони бил примен на интензивна нега во болницата Сан Рафаело во Милано.
На четирикратниот поранешен премиер на Италија, Силвио Берлускони, му е дијагностицирана леукемија, изјавил во четвртокот добро информиран извор, потврдувајќи го извештајот на Corriere della Sera
Тој веќе подолго време има кардиоваскуларни проблеми, а откако состојбата повторно му се влошила, морало да биде хоспитализиран.
Берлускони минатата недела поминал три ноќи во болница, кога му биле извршени детални прегледи, но откако бил пуштен на домашно лекување, состојбата повторно му се влошила.
Во 2016 година, Берлускони имал операција на срцето на аортниот залисток.