Џулија Флешер Кох, вдовица на милијардерот Дејвид Кох, важи за најбогата жена во соединетите Американски држави. Според листата на Фобрс, нејзиното богатство изнесува 56 милијарди долари. Благодарение на тоа што таа поседува 42 отсто од акциите во компанијата …., но и благодарение на растот на цената на нафтата, во изминатите години нејзиното богатство се зголеми за пет милијарди долари. Овој удел во компанијата, таа заедно со трите деца го наследи од покојниот сопруг кој почина во 2019 година на 79 годишна возраст .
Приказната за Џулија Кох е прилично интересна, а особено делот кој опишува како поради еден детал, таа успеала да се вброи меѓу најбогатите луѓе на светот. Џулија е родена во мало гратче во Ајова, по што се преселила во Њујорк каде што работела како асистентка на моден дизајнер. Набргу почнала да работи со клиенти од високите кругови, вклучувајќи ја и тогашната прва дама на САД, Ненси Реган. Бидејќи речиси целото свое време го трошела на работата и бројните обврски во модниот свет, Џулија немала многу време за љубов, ниту пак имало некој кој би ја заинтригирал. Меѓутоа, во 1991 година, нејзини пријатели ја убедиле да оди на состанок на слепо со Дејвид Кох.
Тој тогаш веќе бил богат индустријалец, но исто така бил познат и по раскошните забави на кои се случувало се и сешто. Нивниот прв состанок немал „среќен крај“, имајќи предвид дека на Џулија не ѝ се допаднал пристапот на Дејвид. Сепак, шест месеци подоцна тие повторно се сретнале, но Дејвид ниту тогаш не ѝ оставил најдобар впечаток. Имено, тој тогаш ѝ се претставил како да се гледаат првпат, по што Џулија навредено го потсетила дека еднаш веќе биле на состанок.
Дејвид ѝ се извинил и го променил ставот. Таа вечер долго разговарале и одлучиле дека ќе продолжат да се гледаат. Тоа било почеток на нивната петгодишна врска, која подоцна ја крунисаа со брак во кој добија три деца.
Во текот на годините, Џулија беше ангажирана во бројни хуманитарни акции и мисии. Таа и нејзиниот сопруг донираа десетина милиони долари на разни болници и други здравствени установи шорум САД. Исто така, е претседателка на фондацијата „Дејвид Кох“.