Пластичниот хирург од Мајами, Филип Крафт ја смета неговата сопруга, поранешната манекенка Ана Крафт, за една од најубавите жени на светот. Сепак, и убавиците како неа понекогаш сакаат мали корекции, а по неколкуте бремености, ниту Ана не била исклучок.
„На почетокот на нашиот брак всушност немав желба Филип да работи на мене, но исто така тогаш имав 20 години и не ми беше потребна голема помош освен ботокс“, изјавила Ана за HuffPost.
Откако родила два сина, таа во 2005 година се предомислила.
„На крај добив по 25 килограми плус со секое бебе. Успеав да се ослободам од голем дел од вишокот килограми, но жал изгледав прилично тажно“, раскажала Ана.
Фактот дека нејзиниот сопруг е пластичен хирург тогаш добро ѝ дошол, па таа направила операција за подигање на задникот, сега има и филери на лицето, користи ботокс, а имала и корекции на усните и образите. Нејзиниот сопруг Филип вели дека во медицината, особено во хирургијата, лечење на член на семејството е табу тема и е забрането.
„Но мојата жена која беше благословена со убавина, сакаше разубавување. Секогаш постои некој дел од нашето тело за кој мислиме дека би можел да изгледа подобро. Мојата жена Ана не размислуваше поразлично, таа отсекогаш сакаше раскошни усни кои би се совпаднале со структурата на нејзиното лице. А по породувањето, доењето, хормонските промени и губењето на тежината, таа го намали и волуменот на градите. Го изгуби обликот на градите кој некогаш го имаше. Сакаше подобрување, а токму тоа е мојата специјалност и таа веруваше во моите способности. Се согласив да ја оперирам, дури и ако останатите на презираа мојата одлука да ѝ помогнам на жена ми да се избори со некои несигурности“, додал тој.
Тој признал дека кога ја оперирал првпат, тоа всушност било операција на градите и тогаш рацете му трепереле, но сепак бил сигурен во она што го правен. Сепак, Филип смета дека Ана денес е како „билборд во движење“.
„Тие операции ѝ ги правев пред 12 години, а нејзините гради и понатаму се апсолутно боженствени и воопшто не се променија“, истакнал тој.
Ана признава дека постојано би можела да менува нешто на себе и дека нејзе ѝ одговара што Филип е тој кој одговара на нејзините идеи.