Сана Марин, откако ги загуби изборите и го отстапи местото премиер на нејзиниот противкандидат, соопшти дека нема понуди за работа во меѓународни организации или компании. Останува во политиката, но како што рече на мирното место како пратеник.
Марин се повлекува од функцијата лидер на Социјалдемократската партија и веќе од следната недела ќе ја извршува функцијата пратеник во новооформениот парламент.
-Следната недела ќе почнам со мојата работа како пратеник и се надевам дека ќе можам да водам помирен живот“, изјави Марин на прес-конференција.
Како што соопшти, нема да се кандидира за претседател.
Младата Марин, која во формирањето на владата се опкружи со млади министерки, на парламентарните избори бараше уште еден мандат како премиер, но нејзината партија на неделните избори беше трета по број на освоени гласови зад десничарската Национална коалициона партија и Финската партија.