Рејчел Атард, која работи како личен тренер, покажа како всушност стресот влијае на нашиот изглед, а за тоа не сме ни свесни. Таа го сподели своето искуство за последиците од стресот, во комбинација со многу алкохол.
Исто така, откри и како успеала да се регенерира.
Имено, оваа фитнес професионалка од Сиднеј повеќе од шест години се борела со проблеми во надбубрежната жлезда, работела повеќе од 60 часа во текот на неделата, а во викендите се забавувала и пиела.
„Видете ја првата фотографија лево – јасно е дека тоа не е лице на здрава личност“, објави Рејчел на Инстаграм.
„При тоа, овде на втората фотографија (десно) не е поентата во губењето килограми, разликата во тежината на овие две мои фотографии е само еден-два килограми.
Всушност, Рејчел имала проблем со надбубрежната жлезда кој настанува поради многу стрес. Тоа води до состојба во која телото не може да ја издржи огромната количина секојдневен стрес.
А како влијаел стресот на неа?
Првата работа која Рејчел ја забележала кога е во прашање проблемот со стресот и надбубрежната жлезда, е зголемената телесна тежина.
„За да може вашето тело да изгуби на тежина или да одржува здрава тежина, вашите хормони мора да бидат оптимални. А кога сте под стрес, вашето тело произведува поголема количина кортизол, што води кон тоа телото да складира масти“, објаснува Рејчел.
Тесно поврзано со зголемувањето на телесната тежина е задржувањето вода.
„Кога сте под стрес, вашето тело губи електролити. Таквата нерамнотежа предизвикува задржување вода, а во екстремни случаи може да бидете и многу отечени“, додава таа.
Според неа, стресот блијае и на цревата, а нивното лошо здравје исто така има големо влијание на надбубрежната жлезда.
Како што вели Рејчел, кај неа проблемот со надбубрежната жлезда бил предизвикан од недостигот на сон, честите напорни патувања и огромниот стрес.
„Кога повеќето од нас ќе помислат на стрес, мислиме на ментален стрес од работа. Но тоа е само еден вид стрес од сите нешта кои се многу стресни се нашето тело“, додава таа.
Поради сето ова, Рејчел била многу уморна и наутро едвај станувала од кревет.
„Едно утро во септември 2017 не можев да станам од кревет. Во текот на следните шест месеци спиев и по 15 часа без да се разбудам, а сепак наутро повторно не можев да станам од кревет. Се што правев, беше да спијам“, изјавила Рејчел.
Тогаш ѝ станало јасно дека мора да преземе нешто.
„Моето тело беше отечено, на лицето имав подочници. Сите ми велеа дека секогаш изгледам уморно“, сподели таа.
Потоа одлучила да направи едноставни потези, кои имале добро влијание.
„Спиев колу што можев за да си овозможам да се излечам“, истакнува таа.
Исто така, напорните тренинзи ги заменила со јога и пилатес, а немсто алкохол, почнала да се фокусира на здравиот начин на исхрана.
„Се фокусирав на протеини и масти и гледав да не го прескокнувам појадокот. Исто така, земав и суплементи. И на крај, го правев она што ме правеше среќна, во текот на денот издвојував време за да се опуштам“, раскажа Рејчел.
Според неа, клучот лежел во добрата рутина на спиење и престанувањето со пиење алкохол.
„Сега си го слушам своето тело, кога не се чувствувам најдобро го пуштам да се одмори“, вели Рејчел додавајќи дека секогаш треба да се побара стручна помош ако чувствуваме дека со нашето тело нешто не е во ред.