Вчеравечер во угостителски објект на улица „Љуботенска“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода Б.Х.(43) од Тетово, сопственик на објектот и Ф.Б.(53) од скопско Арачиново и А.Р.(56) од скопски Синѓелиќ, поради сомнение дека сториле кривично дело „комар“, казниво по член 398 од Кривичниот законик.
Тројцата се задржани во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци – информираше денеска МВР.
Во истиот објект, при извршен преглед над Б.А.(34) од скопски Чаир, бил пронајден нож и против него ќе следува поднесок по член 80 од Законот за оружје.