Со претрес, апсење и заплена на пари заврши полициската акција, која вчера беше спроведена на подрачје на Скопје. Акцијата беше спроведена по претходно добиени оперативни сознанија, во која полициски службеници од СВР Скопје и Одделот за криминалистичка полиција во координација со ОЈО Скопје по добиени судски наредби, извршија претреси на дом и други простории на 19 локации. -При тоа, приведени се 16 лица поради постоење на основи на сомнение за сторени кривични дела недозволено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, а од нив пет лица се приведени во врска и со сознанија за друго кривично дело, соопшти МВР.