На седница на Советот за развој на Југозападниот плански регион, која се одржала вчера во Охрид говорел градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, а говорот,кој ја згрози јавноста, го пренесе порталот Охрид1.
На седницата, каде меѓу другото се зборувало и за кучињата скитници Мерко рекол:
„Зошто зборуваме за изградба на стационари, а не зборуваме за измени и дополнувања на законот за животни. Со „инцидентите“ кои се случија во Струга имавме многу препукувања, но и самиот премиер во изјава кажа: „Ќе побараме средства од ЕУ да направиме еден центар за згрижување на кучиња“. Верувам дека секој центар кој би се направил индивидуално неможе да се справи со проблемот со кучињата скитници, зошто тогаш ќе има дотур, или налив на кучиња од таа општина или од тој центар. За да им замаглиме очи и на медиуми и на државата ние како општина издоивме околу 600 000 денари направивме тендер на кој се јави едно прифатилиште од Куманово и прифати околу 70 кучиња. Но, гледаме пак нови кучиња“, дециден беше Мерко.
Тој, пренесува порталот Охрид1, додал дека доколку се грижиме само за кучињата не е во ред.
„Ако можиме да колиме јагниња, да колиме телиња, да колиме овци, овни, да тепаме диви животни, да ловиме риба, се правиме што ни е потребно за наш живот, а единствено ќе ги чувема кучињата. Да, нека ги чуваат оние ги имаат дома, се друго неможе да се чува. И во законот пишува дека ризичните кучиња треба да се уништат, а кај знаеме кое е ризично? Луѓе се убиваат па некој не сноси одоворност, кучиња се убиваат па треба градоначалниците да сносат одговорност.Јас имам пуштено предлог за измени и дополнувања на законот по мое видувања но ова треба да го направиме заедно. Едно време сите ги тепавме. И со закон бевме заштитени. Тендер правевме со ловното друштво, тие излегуваа ноќе и секое куче кое е надвор од контрола се отстрануваше. Еве отворено ќе кажам по селските општини ги ништат. Кој сака нека речи што сака. Еве јас отворено кажувам, не се плашам ни од закон ни од ништо „Ми рече еден во Мислешево јас наполнав цел трактор. Напаѓаа на стока, напаѓаа на луѓе“, истакна Мерко.
На ова се надоврзал градоначалникот од Вевчани:
-Зошто можеш да чуваш куче на тераса, а неможеш кокошка, прашал градоначалникот на општина Вевчани Спасе Кочовски.
Видеото во целост може да го погледнете во продолжение…