Клер Берк (54) и нејзиниот сопруг Дејвид (48) од Бредфорд претходно живееле одвоено бидејќи верувале дека ако имаат одвоен животен простор, тоа ќе го зајакне нивниот однос. Клер вели дека поради таквиот начин на живот секогаш ѝ недостасувал сопругот и се раздувала секогаш кога ќе го види. Но по две децении заеднички живот на различни интереси, тие конечно одлучиле да го купат својот прв заеднички дом, планирајќи засекогаш да останат под еден кров.
Сепак, иако се во иста куќа, тие спијат во различни спални соби бидејќи се навикнати на сопствен простор.
„Го сакав чувството да немам кому да му поднесувам сметка. Имав чувство дека нешто сум постигнала во животот со тоа што имам сопствен дом. Ме плашеше помислата дека би можела тоа да го изгубам. Ниту Дејвид ниту јас претходно не сме живееле самостојно и тоа на двајцата ни беше потребно. Одвоениот живот ни овозможи да избегнуваме расправии. Едноставно, тоа за нас функционираше совршено“, изјавила Клер.
Клер и Дејвид кои се во брак осум години, а заедно се вкупно 20, одлучиле да се преселат и да купат заеднички дом во Западен Јоркшир, откако на Дејвид кој по професија е пожарникар, му била понудена нова работа.
По неколкумесечно согледување на предностите и недостатоците од вселувањето во заедничка куќа, Клер изјавила дека одлучиле да се впуштат во тоа откако почувствувале дека тоа е вистинската работа за нив.
„Почнавме да разговараме за вселување во заеднички дом минатата година, кога на Дејвид му се укажа неверојатна прилика, Меѓутоа, новата работа беше на друго место и јас на почетокот не бев баш воодушевена. Имаше многу негативни и позитивни работи во целата ситуација. Платата беше примамлива и сакавме нашиот син Џеј кој има Даунов синдром да оди во подобро средно училиште. Меѓутоа, цените на недвижнините беа толку високи што никако немаше да можеме да си дозволиме да купиме две куќи. Ги разгледавме сите опции, на пример, некој од нас двајцата да купи куќа, а другиот да изнајмува. Месеците поминуваа, а ние ги разгледувавме сите предности и недостатоци на ситуацијата. Дејвид на почетокот сакаше да се вселиме заедно, додека јас бев многу резервирана. Се плашев дека нема да можам да се носам со заедничкиоѕт живот или дека премногу ќе му прирекувам бидејќи сум навикната на сопствен простор. Толку го сакав и не сакав да ризикувам да го изгубам. За да не го уништиме нашиот брак, сепак одлучивме да се вселиме заедно“, додала Клер.
Откако долго размислувале, Дејвид ја огласил својата куќа за продажба. Кога куќата се продала тоа малку ја испаничило Клер, па таа ја ставила на продажба и својата куќа за да види дали постои интерес – пишува Daily Mail.
„Ја продадов куќата за шест часа. Се укажуваше на тоа дека би требало да се вселиме заедно, па одлучивме да се впуштиме во тоа. Тоа ни се чинеше најисправно и засега е прекрасно. Не се жалиме од ништо и мислиме дека тоа беше вистински чекор за нас после сите овие години. Се изненадив од тоа што некои особини на Дејвид не ми пречат, иако мислев дека ќе ме нервираат. Среќна сум поради тоа што сум потолерантна од она што мислев дека ќе бидам“, додала таа.
Таа признала дека се плашела оти ваквата промена со живеењето ќе предизвика кавги меѓу нив па дури и дека тоа ќе доведе до крај на нивниот брак. Иако сега живеат заедно, тие имаат сопствен простор и спјат во различни кревети. Сепак, уживаат во тоа што се гледаат почесто.
„Имам чувство како да сме во целосно нова врска. Чудно е да се разбудам наутро и веднаш да го видам. Убаво е кога ќе се симнам во кујната наутро, а Дејвид веќе подготвил чај. Никогаш не размислувавме за иднина во која ќе живееме под ист покрив, но ситуацијата сега е неверојатна“, заклучила Клер.