За време на церемонијата на сечење на свадбената торта, пијан гостин со раце ја распарчил тортата, а потоа почнал да ја фрла по младенците.
Младоженецот брзо реагирал на неговиот непромислен потег удирајќи го со тупаница по лицето, а видеото станало вирално.
Видеото, кое прво беше објавено на ТикТок, а потоа избришано, почна да се врти на социјалните мрежи и собра повеќе од два милиони прегледи само на Твитер.
-Да сум на местото на невестата, овој човек ќе си помине лошо. Тортата е скапа, а некои младенци замрзнуваат парче за да ја изедат по една година, им ја расипа свадбата – напишал еден корисник на Твитер.