Денес во 16.21 часот повторно се стресе Штип.
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес регистрираше земјотрес 71 км источно од Скопје кој потекнува од епицентралното подрачје Св. Николе – Штип.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата земјотресот се случи во 16 часот и 21 минути со Рихтерова локална магнитуда ML2.5 и интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, а беше почувствуван од населението во Штип и околината.
Пред неколку дена со ист интензитет имаше уште еден земјотрес.