Многумина сметаат дека Моника Белучи е најталентираната италијанска актерка, но и една од најубавите жени на светот. Актерката и понатаму изгледа природно, таа старее достоинствено, а со своите пораки ги мотивира жените ширум светот да ги прифатат своите години бидејќи така ќе видат колку всушност се убави.
Моника Белучи на 30-ти септември наполни 57 години. Актерката не се плашеше да глуми жртва на брутално силување во филмот Irreversible, а во шестиот месец од бременоста позираше гола на насловна страница во знак на протест против законот кој забранува дарување сперма.
Моника Белучи може да биде што било, но никогаш само убава глумица.
Некои од нејзините изјави делуваат охрабрувачки за многу жени, бидејќи таа тврди дека зрелите години се најубави во животот на секоја жена и дека физичката убавина е само привремена, но поважно е како ја негувате внатрешната убавина.
Една од нејзините омилени изјави за годините е: „Никогаш веќе не би сакала да имам дваесет години. Сега сум многу посреќна отколку тогаш, бидејќи во тие години допрва се запознаваме себе, се обидуваме да сфатиме кои сакаме да бидеме и патиме од сомнеж во себе. Сега точно знам што ми треба и без што не можам да живеам“
-Убавината за жената станува проблем само во два случаи – кога ја нема и кога нема ништо друго освен убавина;
-Никогаш нема да бидам слаба. По природа сум прилично мрзелива. Сакам да јадам, едноставно јас сум таква и немам намера да станам лажна;
-Се чувствувам добро и пријатно со себе, но не затоа што сум убава, туку затоа што сум јас;
-Што значи да се биде убав? Тоа нема врска со биологија – женственоста е одраз на вашиот живот, на вашето искуство;
-Не се плашам да остарам. Она што нè прави убави однадвор, е она што е внатре;
-За мене вистинската убавина нема никаква врска со отсуството на брчки. Мојата баба, мајката на мајка ми, е убава бидејќи веднаш по војната таа одгледала пет деца и останала борец во текот на целиот живот. Вистинската убавина е црвениот кармин кој мојата баба, мајката на мојот татко, го носи во недела пред да оди на црква.