Олеснително е тоа што призна вина, поради што Основниот Кривичен суд од Скопје на штипскиот бизнисмен Зоранчо Митревски – Чиле му досуди условна казна затвор во траење од две години за две кривични дела. Митревски е неправосилно осуден во предметот „Имеприја“ за делата „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „перење пари“.
Митревски призна дека во периодот 2012-2013 со искористување на своите позиции во Одборот на директори на АД Бетон и за лична корист, со останатите обвинети во „Империја“, нанеле штета од 4,7 милиони евра на АД „Бетон – Штип“.
-Судот за кривично дело злоупотреба на службената положба му утврдува казна затвор од една година и три месеци, додека за делото перење пари казна затвор од една година и еден месец. Согласно законот за двете кривична дела Судот му одредува една единствена алтернативна мерка условна осуда казна затвор од две години затвор, ако во следните пет години не стори друго кривично дело, ја соопшти пресудата судијката Васка Николовска Масевска.
Митровски и „Еземит вино” ДООЕЛ треба да платат и материјална штета од 92,25 милиони денари или 1,5 милиони евра во државниот буџет.
Митровски пред судот рече дека се кае и да се земе во предвид дека има неколку фирми, преку кои вработува повеќе луѓе од кои зависат нивните семејства, самиот е родител на две полнолетни деца, додека казната ја чувствува силно.
Оштетената компанија „Бетон – Штип“, која во меѓувреме помина стечај и моментално е во консолидација и трансформирана во ГТД „Бетон – Штип“ ДОО, се упатува преку граѓански спорт да побара обештетување.
„Империја“, еден од случаите на некогашното СЈО, се водеше покрај Митровски и против Цветан Панделески од „Пелистерка“ и Јованчо Тасковски, за кривичните дела „злоупотреба на службена положба“, „перење пари“ и „измама“, и нанесување штета во вредност од 292 333 000 денари или 4 753 382 евра. Митровски и Панделески како тогашни членови на одборот директори на АД „Бетон Штип“ за „Ексико“ и „Езимит холдинг“ прибавиле корист од четири милиони евра, со што оштетиле 150 малцински акционери.
Претходно вина призна и склучи спогодба и поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков, со што беше осуден на 3 години затвор и исплата од 6,1 милиони евра во кеш за уделот во хотелот Мериот и му беше одземен и имот во вредност од околу 30 милиони евра. Со спогодба заврши и бизнисменот Орце Камче кој доби казна затвор од една година и обврска да уплати 5,2 милиони евра.