Правда за Јана и поддршка за родителите, беше мотото на вечерашните протести во Битола и Скопје по смртта на малото девојче од Битола.
Носеа транспаренти на кои се критикуваше партизацијата на здравството и се бараше одговорност.
„Партизирано здравство, непријател на народот“, „Вие во бели мантили, ние во црни кошули“, „Пет лекари специјалисти во комисија, ниеден во болница“ .., беа само дел од пораките на транспарентите во Битола.
-Сведоштвата на родителите ние го земаме како факти пред кои треба институциите длабоко да се размислат и да не скријат ниту милиметар од вистината што се случувало тој кобен ден, беше речено на протестите и испратена порака до Министерство за здравство и Обвинителство да си ја работат работата за да народот има верба во нив.
„Децата наши и да настинат ни е страв да ги однесеме во болница, рече битолчанец.
На скопскиот протест беше побарано да се одговори- дали е даден лек за намалување на отоците или со инфузија го оптовариле и срцето, дали случајно е непрепознаена сепса, дали е корона со бактерија…
Скопјани на протестот рекоа дека не се тука за линч на лекарите и плукање по нивната работа, туку дека бараат брзи и ефикасни одговори.
Малата Јана почина во Клиничката болница во Битола каде беше донесена поради симптоми на настинка, но по инфузијата почина.
Фото: Вангел Тануровски