Победникот на музичкото шоу „Никогаш не е доцна“ (Никад није касно) пред неколку дена ја промовираше својата најнова песна и тоа на српски јазик.
Песната носи наслов „Удри бригу на весеље“, а неа како автори се потпишуваат веќе докажани музички работници. Музиката е дело на Блаже Темелков, текстот го направија Татјана Петровска и Сашо Младеновски, кој го потпишува и аранжманот.
Песната е објавена на јутјуб-каналот на „Гранд“ и за само неколку дена таа има преку 30.000 прегледи.
јавноста за Боби многу дозна откако тој учествуваше во „Никад није касно“, каде успеваше со секоја негова интерпретација да ги остави жирито и публиката со подотворени усти. Токму поради тоа, нашиот Боби заслужено беше и победникот во минатогодишната сезона.
„Да бидам искрен, многу работи се променија после „Никад није касно“. Ме дознаа многу луѓе, постојано ме бараат за настапи, приватни прослави и да бидам ме радува тоа. Кога сме кај песната, можеби многумина ќе кажат дека требаше веднаш да извадам песна после финалето, но верувајте дека денеска не е лесно да дојдете до добра песна. Морав да слушнам преку 10 демо-верзии на песни, за на крајот да ја изберам оваа. Се надевам на публиката ќе и се допадне, јас секојдневно добивам само позитивни критки“ – изјави Цаневски.