Погребалната фирма „Вечер рај“ од Кочани си го одржа зборот и денес е поставен споменикот гробот на младиот Мартин Костов, кој во ноември минатата година загина во сообраќајка на Малта.
Сопственикот на фирмата Гариб Мемиш вчера вети дека ќе го постави споменикот и си го одржа зборот.
Тој ни испрати и фотографии и видео за да се види како е изработен, бидејќи парите за изработка се од донации од хумани граѓани, кои тогаш на семејството Костови им помогнаа за да го пренесат неговото тело од Малта до неговото вечно почивалиште.
Мемиш вчера за ММС рече дека поради здравствени проблеми задоцнил со поставување на споменикот, но дека денес се’ ќе биде готово.
Погледнете ги фотографиите и видеото од споменикот на Мартин, кој го изработи Гариб Мемиш од Кочани.