Веќе неколку дена по десетици аларми за лажни бомби се испраќаат по бугарските институции, главно училиштата и по истиот терк како со Македонија, со мејл се информира дека има поставено бомба. Само денеска вакви аларми се стигнати во 102 училишта во неколку бугарски градови.
Бројот на аларми постојано расте, а особено станува проблем пред одржувањето на петтите предвремени парламентарни избори, закажани за во недела, 2 април.
Според медиските информации, власта разгледува опции што доколку стигнат аларми за поставени бомби на гласачките места, а што се најавува дека поголемиот дел од местата за гласање нема да бидат затворени, додека сериозно ќе се пристапи кон испитување на заканата.
Во бугарската јавност се разгледува одговорот на македонските инстиутуции на заканите, кои не престанаа со месеци. Директор на Софискиот безбедносен форум Јордан Божилов, зборувајќи за Бугарската национална телевизија рече дека позитивен чекор кај нас е промената на протоколите за постапување во вакви ситуации, за начините на креирање и користење на официјални електронски пораки во училишта.
-Не сите закани ги затвораат училиштата. Се разгледуваат различни верзии, од кои едната е хибридни закани поврзани со Русија, но ќе бидат обвинети и неколку Македонци, кои се поврзани со една од политичките партии во РСМ“, додаде Јордан.Божилов.
Според него, важно е да се менуваат не само протоколите, треба да има добра физичка безбедност, контрола на пристап, патроли.
„Многу е тешко да се докаже кои се сторителите. Во Северна Македонија е утврдено дека серверите од кои се испраќаат електронските пораки се наоѓаат во Русија и Иран“, рече Јордан Божилов.
На прашањето дали е можно по македонски пример да се откријат сторителите, Божилов објасни дека во Бугарската академија на науките (БАН) постојано работи единица која ги следи ваквите закани по безбедноста, но е многу тешко да се откријат, бидејќи постојано ги менуваат патеките.
-Се знае дека серверите им се некаде во Холандија, затоа што таму има многу матни се работите таму, а заканувачите се многу вешти, тешко се докажува, изјави Божилов.
Зборувајќи за тоа како може да се реши оваа безбедносна закана, некои од консултираните експерти ја истакнуваат македонската тактика, која засега покажа како успешна.
„Училиштата ја информираат МВР, а МВР ја оценува сериозноста на заканата. Со тоа што не ја известува јавноста за заканите, се што се намалува или неутрализира ефектот што го бараат заканувачите, а тоа е создавање паника во јавноста. Второ, одлучено е да има полициски патроли пред сите училишта, како и нови безбедносни мерки на училиштата. Не е јасно дали навистина има патроли пред секое училиште, но дефинитивно има зголемено полициско присуство. И трето, властите веќе оценија дека заканите се хибридни напади. За некои од сигналите веќе има осомничени, а се верува дека има траги кои водат надвор од земјата – од Иран и Русија“, пишуваат бугарските медиуми.