Заедничкиот живот со партнерот често пати се смета за чекор кој ве води поблиску до брак. Сепак, кога е во прашање таквото заедничко живеење не секогаш се оди по планот. Токму тоа било случај и кај младата Сара.
Таа требало да се всели кај својот нов партнер со кого била осум месеци во врска, но дознала дека тој и не ѝ е баш верен. Сара се подготвувала да се всели кај него, но дознала дека тој сепак има жена.
Девојката решила ова искуство да го раскаже на ТикТок, а нејзините видеа набргу станаа вирални.
„Утрото пред да почнеме да живееме заедно, додека се пакував ми прати порака да му се јавам. И кога му се јавив, ми одговори неговата жена“, раскажува Сара.
Таа не ни знаела дека нејзиниот партнер е женет, но неговата жена ѝ се заканувала на Сара преку телефон.
„Никогаш не сум била толку зачудена во својот живот“, изјавила Сара додавајќи дека тогаш решила да стави точка на врската.
Во останатите видеа таа објаснува дека никогаш не се сомневала во неговата верност, но открила дека нивната идеја била да живеат во еден град, а нејзиното момче да патува да оди на работа во друг град.
Девојката понатаму раскажува дека ѝ пратила порака на сестрата на своето момче за да ја праша и неа дали тој навистина е женет, но таа не ѝ одговорила. Меѓутоа, во истиот момент повторно ѝ се јавила неговата жена и ѝ рекла да престане да го вознемирува семејството.
Сара во моментот е очајна, а и без работа. Во коментарите под видеата, корисниците на социјалните мрежи ѝ даваат поддршка советувајќи ја дека мора да продолжи понатаму.
Извор: zadovoljna.nova.rs