Ученичка од средното медицинско училиште „Д-р Јован Калаузи“ била повредена откако врз неа паднал таван од тоалетот.
Градоначалникот Коњановски, го контактирал семејството на повредената ученичка, кои го информирале дека ученичката е исплашена и со родителите е во Клиничка болница, каде се прават испитувања поради болки во раката.
Директорката на средното медицинско училиште „Д-р Јован Калаузи“ од Битола, Наташа Илиева вчера претпладне ја информирала општината, дека утрото паднал таванот во училишните тоалети и дека при падот на таванот била незначително повредена ученичка од училиштето.
Градоначалникот Коњановски формирал општинска комисија со која извршила, а директорката Илиева ги информирала дека, тоалетите пред неколку години беа реконструирани со донација, а последниве денови биле воочени проблеми на горниот кат, проследени со извесно прокапување.
-На крајот на минатата година градоначалникот ги повика директорите на училиштата, со цел да укажат на потребите за реконструкции и интервенции, кои ги имаат објектите. Директорката Илиева, не побара интервенција од општината за објектот на средното медицинско училиште, информираат од Општина Битола.
Коњановски од директорката побарал одговорност, поради навремено непреземените мерки и непријавениот проблем, информираат од општината.