Од „очајна домаќинка“ до модел на 58-годишна возраст
Современите жени се соочуваат со сè повеќе предизвици кога е во прашање убавината. Еден од тие предизвици е да имате седа коса. Луѓето признаваат дека е потребна огромна храброст и самодоверба за да се прифатите себеси како такви, а кога имаат ваква коса жените најчесто се одлучуваат за фарбање на косата.
Сепак, постојат жени кои докажуваат дека ваквата коса не мора да претставува товар, туку преубав додаток кој секоја жена може да ја направи шармантна. Оваа хероина тоа го докажува со сопствениот пример.
Керолин Лабоучер по потекло е од Лондон. Кога била дете, татко ѝ ги напуштил, па поради тоа таа се чувствувала несигурно. Керолин која потоа родила две деца, ги поминала своите дваесетти и триесетти чувствувајќи се „беззначајно“. Против знаците на стареење таа се борела со фарбање на косата.
Во едно интервјуЛабоучер признала: „Растена сум да не се гледам во огледало. Мислам дека никогаш не сум се чувствувала убаво, дури ниту на денот на мојата свадба. Кога бев млада и кога некој ме снимаше некој со камера, јас се вртев на другата страна“.
Нејзините планови за животот биле прилично скромни. Во една свое интервју таа рекла: Не го сакав училиштето и го напуштив на 16 години. Се запишав на курс за готвење и курс за кроење. Немав никакви планови за кариера, само сакав да патувам, да се омажам и да имам семејство“.
Чувството на безнадежност и несигурност траело долго, но еден ден Лабоучер добила прилика да се погледне себеси со нови очи.
Во ноември 2017 година, нејзината ќерка Амелија која тогаш имала 23 години и работела како модел, ѝ кажала дека нејзиниот шеф бара бренд амбасадор со седа коса.
Ова било голема прилика за мајката.
„Не бев модел, но бев со седа коса“, раскажала Лабоучер.
Оттогаш таа никогаш не се покајала што ја прифатила шансата за новиот работен ангажман бидејќи нејзините фотографии се нашле дури и во британското издание на магазинот Вог.
Откако ја искористила приликата да стане фотомодел во 2017 година, оваа жена признала дека никогаш не се чувствувала поубаво: „Никогаш не сум сакала да изгледам старо. Во денешно време и со напредокот на современата медицина, козметика и начин на исхрана, тоа не е неопходно. Сега сум многу похрабра и посамоуверена откако што бев пред 20 или 30 години. Одам сама на настани и велам ДА скоро на се“.
„Мислам дека мажите и понатаму претпочитаат помлади жени. Привлекувам внимание и тоа е исклучително позитивно, но не ме нарекувајте стара“, додала таа.
Во својата биографија на Инстаграм, Лабоучер напишала: „На 58 години ја ссум личност каква што отсекогаш бев, но никогаш немав прилика тоа да бидам“.
Таа и нејзиниот сопруг поминале низ многу тешки моменти, но сега живеат во Дубаи и животот го живеат со полни гради. За своите деца, таа смета дека се нејзина најдобра инвестиција и не прават големи планови за иднината.
Меѓу советите кои им ги дава на жените, таа ја истакнува важноста од одење на добар козметичар и користење производи кои содржат ретинол Лабоучер е против постојаната употреба на декоративна козметика и шминка и смета дека тоа е еден од непријателите на младоста. Лабушер открила дека ретко ја допира својата кожа и не содржи храна која содржи премногу шеќер. Покрај тоа, таа на сите жени им препорачува да бидат активни.