Тиктокерката Лејн ја сподели својата приказна за тоа како дознала дека нејзиниот живот е всушост, една голема лага. Сè почнало пред една година кога добила смс порака од непознат број. Со пораката, непознато лице ѝ предложило да направи ДНК тест, а таа секако прво прашала кој е тоа.
Личноста која ја испратила пораката одговорила: „Би сакал да можев да кажам, но најдобро е само да направите тест. Дали веќе направивте тест?“.
Пријателката на Лејн мислела дека треба да направи тест само за да види што ќе се случи. Лејн одлучила да почне да разговара со непознатата личност и ѝ рекла дека веќе го направила ДНК тестот.
Тестот кој го направила, покажал дека таа има англиско и ирско потекло, како што и самата отсекогаш знаела.
Но личноста која ја контактирала отишла чекор понатаму – направила лажен профил на Фејсбук и продолжила да ѝ праќа пораки не само на Лејн, туку и на нејзиниот сопруг.
Родителите на Лејн се развеле кога таа имала девет години и останала блиска со својата мајка, иако таа била алкохоличар. Лејн била скептична, па ѝ се јавила на мајка си за да ја праша дали знае за што се работи.
Не нејзино изненадување, мајка ѝ отворено ѝ признала дека имала афера со 25-годишник кога имала 35 години. Ова ја запрепастило Лејн, бидејќи мајка ѝ цел живот тврдела дека човекот кого Лејн го знаела како свој татко цел живот, е неверен.
Мајка ѝ ѝ кажала дека нејзиниот љубовник се сомневал дека тој е татко на детето, но таа решила тоа да го одрекува и да продолжи понатаму.
Шест недели откако ја добила првата смс прака, Лејн го открила идентитетот на својот вистински татко. Таа му пратила порака на човекот кој сега живее во Калифорнија, но попотекло е од Британија. Тој ѝ одговорил дека знаел оти му е ќерка, но не сакал да ја контактира бидејќи се плашел дека ќе ја повреди. Преку ДНК анализа, Лејн дознала дека има и две помали сестри.
Сепак, кога се сретнале со татко ѝ средбата била многу лоша – нејзиниот татко избегнувал да ја погледне, не можеле да пронајдат теми за разговор, а Лејн била многу повредена. Во меѓувреме дознала дека пораките ѝ ги праќал нејзин братучед.